Пренесување видео содржина во уредот
Пред да започнете со користење на апликацијата Видео, добра идеја е да ги пренесете
филмовите, ТВ-емисиите и другата видео содржина во својот уред од другите уреди, како
компјутерот. Има неколку начини на пренесување на содржината:
•
Само за Windows
®
: Поврзете го уредот со компјутерот со помош на USB Type-C™ кабел и влечете
ги и испуштајте ги видео датотеките директно со користење на апликацијата за управување со
датотеки на компјутерот. Видете Управување со датотеките со помош на компјутер
на страницата 40.
•
Ако имате персонален компјутер или компјутер на Apple
®
Mac
®
, користете ја апликацијата Xperia™
Companion за организирање содржина и пренос на видео датотеки во уредот.