Sony Xperia XA1 - Составување

background image

Составување

Уредот поддржува само нано SIM-картички. Нано SIM-картичката и мемориската картичка имаат
одделни отвори во истиот држач. Внимавајте да не ги помешате.

За да не ги изгубите податоците, исклучете го уредот или отстранете ја мемориската
картичка пред да го извлечете држачот за да ја извадите нано SIM-картичката или
мемориската картичка од уредот.

7

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вметнување нано SIM-картичка и мемориска картичка

Не сечете ја SIM-картичката, на пример со нож или ножици, бидејќи тоа може да го
оштети уредот.

1

Извлечете го држачот на нано SIM-картичката со помош на нокотот од прстот.

2

Цврсто поставете ја SIM-картичката во точната ориентација, како што е прикажано на
илустрацијата.

3

Вметнете ја мемориската картичка во точната ориентација во отворот за мемориска
картичка, како што е покажано на илустрацијата.

4

Нежно турнете го држачот кон отворот додека не се намести.

Отстранување на нано SIM-картичката

1

Со екранот свртен надолу, извлечете го држачот на нано SIM-картичката со нокотот.

2

Отстранете ја нано SIM-картичката, па нежно турнете го држачот кон отворот додека не се
намести.

Отстранување на мемориската картичката

1

Исклучете го уредот.

2

Свртете го уредот надолу и извлечете го капакот на држачот за нано SIM-картичка.

3

Нежно турнете и отстранете ја мемориската картичка, а потоа нежно турнете го држачот
кон отворот додека не се намести.