Избирање мобилни мрежи
•
Една WCDMA мрежа
•
Една GSM мрежа
•
Една WCDMA и една GSM мрежа
•
Една LTE, една WCDMA и една GSM мрежа
Вашиот уред автоматски се префрла помеѓу мобилните мрежи зависно од достапноста на
мрежите во местото каде што се наоѓате. Може и рачно да го поставите уредот да користи
одреден режим на мобилна мрежа, на пример, WCDMA или GSM.
Во лентата за статус се прикажуваат различни икони за статус, во зависност од видот или
режимот на мрежата со која сте поврзани. Погледнете во Икони за статус на страницата 31
за да видите како изгледаат различните икони за статусот.
52
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Одбирање мрежен режим
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.
3
Допрете Претпочитан тип мрежа, па одберете мрежен режим.
Рачно одбирање друга мрежа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи > Оператори на
мрежа.
3
Допрете Режим на пребарување, па одберете Рачно.
4
Одберете мрежа.
Ако рачно изберете мрежа, уредот нема да бара други мрежи дури и ако излезете надвор
од опсегот на рачно одбраната мрежа.
Активирање автоматско одбирање мрежа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи > Мрежни
оператори.
3
Допрете Режим на пребарување, па одберете Автоматски.