Општи поставки на камерата
Преглед на режимите на снимање
Може да изберете од многуте режими на снимање и апликации за камерата. Само поминете со
прстот налево или надесно врз екранот на камерата за да ги менувате.
Рачно
Рачно прилагодете ги поставките на камерата, како што се резолуција, баланс на бела
боја и ISO.
Автоматско оптимизирање
Оптимизирајте ги поставките за да одговараат на секоја сцена.
Видео камера
Рачно приспособувајте ги поставките за видео за да одговараат на секоја сцена.
Апликации за камер.
Рачно одберете апликации за камерата.
За да дознаете повеќе за тоа како да правите подобри фотографии, појдете на
support.sonymobile.com.
95
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Апликации за камерата
AR-ефект
Фотографирајте или снимајте со виртуелни сцени и ликови.
Креативен ефект
Применувајте ефекти врз фотографиите или видеата.
Sound Photo
Фотографирајте со звук во заднината.
Панорама
Правете широкоаголни и панорамски фотографии.
Timeshift burst
Пронајдете ја најдобрата фотографија од бурст-сликите.
Панорама
Може да правите широкоаголни и панорамски фотографии со лесно движење со притискање и
повлекување.
Панорамско фотографирање
1
Активирајте ја камерата.
2
Поминете со прстот на екранот за да одберете
, потоа одберете .
3
Притиснете го копчето за камера и полека, мирно движете ја камерата во насоката
означена на екранот.
Автоматско препознавање на лице
Камерата автоматски препознава лица и ги идентификува со рамки. Обоената рамка покажува чие
лице е одбрано за фокус. Фокусот е наместен на лицето најблиску до центарот на камерата. Може
и да допрете една од рамките за да одберете кое лице треба да биде во фокусот.
Автоматско снимање
Вклучете го автоматското снимање за да сликате автоматски со користење на една од следниве
опции.
Рачна бленда
Свртете ја дланката кон камерата за да го вклучите автотајмерот и да сликате авто-портрети во режимите на снимање
Рачно и Автоматско оптимизирање.
Smile Shutter
Користете ја технологијата Smile Shutter™ за да фотографирате лице додека се смее. Камерата препознава до пет лица
и одбира едно лице за препознавање насмевка и автоматски фокус. Кога одбраното лице ќе се насмевне, камерата
автоматски фотографира.
Исклучено
Кога автоматското снимање е исклучено, може да фотографирате со копчето за блендата или копчето за камерата.
Функцијата Рачна бленда е достапна само за фотографирање авто-портрети.
96
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Вклучување на Smile Shutter™
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете .
3
Пронајдете и допрете Автоматско снимање > Smile Shutter.
4
Кога е отворена камерата и е вклучено Smile Shutter, насочете ја камерата кон
субјектот. Камерата одбира на кое лице да се фокусира.
5
Лицето се појавува во обоена рамка и фотографијата се прави автоматски штом се открие
насмевката.
6
Ако не е откриена ниту една насмевка, може да го притиснете копчето за камерата за да
фотографирате рачно.
Вклучување рачна бленда
1
Активирајте ја камерата.
2
Префрлете се на предна камера со допирање на
3
Допрете .
4
Допрете Повеќе.
5
Пронајдете и допрете Автоматско снимање > Рачна бленда.
Зачувување на географската локација на фотографијата
Вклучете ја функцијата за зачувување на локацијата за да им поставите гео-ознака на
фотографиите – зачувување на приближната географска локација додека фотографирате.
Географската локација се одредува со користење безжични мрежи и со технологијата GPS.
Кога на екранот на камерата ќе се појави , зачувувањето на локацијата е вклучено, но
географската местоположба не е пронајдена. Кога ќе се појави , зачувувањето на локацијата е
вклучено и географската локација е достапна, па таа може да се додаде во фотографијата. Кога
ниту еден од овие симболи не се појавува, зачувувањето на локацијата е исклучено.
Вклучување на гео-означувањето
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете .
3
Допрете Повеќе, потоа допрете го лизгачот покрај Зачувување локација за да ја
вклучите или исклучите функцијата.
4
Доколку го вклучувате гео-означувањето, треба да ги вклучите услугите за локација
доколку не се вклучени. Допрете ОК, потоа допрете го лизгачот Локација.
Снимање со допир
Со снимањето со допир, едноставно допрете каде било на екранот од камерата за да
фотографирате.
Вклучено
Само предната камера
Исклучено
Прилагодувајте со допир
Допрете го екранот за да одберете област за фокусирање при фотографирање .
Само фокус
Фокус и светлина
Оваа функција е достапна само во режимот Автоматско оптимизирање.
Автоматско прикажување на фотографиите
Може да изберете фотографиите да се прикажуваат веднаш по снимањето.
Вклучено
97
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Откако ќе ја снимите фотографијата, во долниот десен агол на екранот ќе се појави нејзиниот приказ во траење од 3
секунди.
Само предната камера
Откако ќе снимите фотографија со предната камера, во долниот десен агол на екранот ќе се појави нејзиниот приказ во
траење од 3 секунди.
Исклучено
Фотографијата или видеото се зачувува по снимањето и не се појавува приказ.
Користење на копчето за јачина на звукот
Може да одберете како да го користите копчето за јачина на звукот додека фотографирате.
Зумирање
Користете го копчето за јачина на звукот за да зумирате или одзумирате.
Јачина на звук
Користете го копчето за јачина на звукот за прилагодување на јачината на звукот за известувањата, тоновите на ѕвонење
и музиката.
Бленда
Користете го копчето за јачина на звукот за да фотографирате.
Звук
Камерата дава звук кога фотографирате или започнувате да снимате видео. Ако користите
автотајмер, ќе репродуцира серија бипови за да го обележи одбројувањето. Може да ги вклучите
или исклучите овие звуци.
Меморија
Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.
Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.
SD-картичка
Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.
Мрежни линии
Мрежните линии може да ги користите како визуелна помош додека сликате за да ви помогнат да
ја најдете точната композиција за вашата фотографија.
Мрежните линии се појавуваат само на екранот од камерата додека сликате и не се
појавуваат во конечната фотографија.
Брзо стартување
Користете поставки за Брзо стартување за стартување на камерата кога екранот е заклучен.
Само стартувај
Кога оваа поставка е активна, може да ја стартувате камерата кога екранот е заклучен со притиснување и задржување на
копчето за камера.
Стартувај и сликај
Кога оваа поставка е активна, може да ја стартувате камерата и да сликате фотографија автоматски кога екранот е
заклучен со притиснување и задржување на копчето за камера.
Стартувај и снимај видео
Кога оваа поставка е активна, може да ја стартувате камерата и да снимате видео кога екранот е заклучен со
притиснување и задржување на копчето за камера.
Исклучено
98
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прилагодување на бојата и светлината
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете > Боја и светлина.
3
Повлечете ги лизгачите до саканата положба за да ги прилагодите бојата и светлината.
Оваа поставка е достапна само во режимите за автоматско оптимизирање и
видеокамера.
Баланс на бела боја, фокус, експозиција и брзина на бленда
Балансот на бела боја, којшто е достапен само во режимот на снимање Рачно, го прилагодува
балансот на бои според осветлувањето. Може и рачно да ја прилагодите експозиција во опсегот
од -2,0 EV до +2,0 EV. На пример, може да ја зголемите светлината на сликата или да ја намалите
вкупната експозиција со допирање на контролите плус или минус кога ќе се прикаже . Фокусот и
брзината на блендата може да се постават за рачно или автоматско прилагодување.
Бал. на бела боја
Автоматски
Прилагодете го балансот на бои автоматски.
Усвитеност
Прилагодете го балансот на бои за топло осветлување, како под
светилки.
Флуоресцентна
Прилагодете го балансот на бои за флуоресцентно осветлување.
Дневна светлина
Прилагодете го балансот на бои за надворешни сончеви услови.
Облачно
Прилагодете го балансот на бои за облачно време.
Автоматски фокус
Прилагодете го фокусот автоматски.
Рачен фокус
Прилагодете го фокусот рачно.
SS auto
Прилагодете ја брзината на блендата автоматски.
SS 1/8
Прилагодете ја брзината на блендата рачно.