Sony Xperia XA1 - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

За да ги приспособите поставките за камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Изберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку резолуции и размери. Фотографијата со
повисока резолуција е со повисок квалитет, но бара повеќе меморија.
Главна камера:

23MP
5520×4144 (4:3)
Резолуција од 23 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на екран без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

99

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

20MP
5984×3376 (16:9)
Резолуција од 20 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на широк екран.

12MP
4000×3008 (4:3)
Резолуција од 12 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна е за фотографиите што сакате да ги
прикажувате на екрани без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

12MP
4624×2608 (16:9)
Резолуција од 12 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографиите што сакате да ги
прикажувате на широк екран.

3MP
2048×1536 (4:3)
Резолуција од 3 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на екран без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција. Оваа поставка
е достапна само во режимот на снимање Рачно.

2MP
1920×1088 (16:9)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на широк екран. Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Предна камера:

8MP
3264×2448 (4:3)
Резолуција од 8 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на екран без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

5MP
3072×1728 (16:9)
Големина на слика од 5 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографиите што сакате
да ги прикажувате на екрани без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

3MP
2048×1536 (4:3)
Резолуција од 3 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на екран без широк приказ или да ги печатите во висока резолуција. Оваа поставка
е достапна само во режимот на снимање Рачно.

2MP
1920×1088 (16:9)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна за фотографии што сакате да ги
прикажувате на широк екран. Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Автотајмер

Со автотајмерот може да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа функција за
да правите авто-портрети или групни фотографии вклучувајќи го секого во фотографијата. Може
исто така да го користите автотајмерот ако сакате да избегнете тресење на камерата кога
фотографирате.

100

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

10 сек.
Поставете одложување од 10 секунди при фотографирање од моментот кога ќе го допрете копчето за блендата или ќе го
притиснете копчето за камерата.

3 сек.
Поставете одложување од 3 секунди при фотографирање од моментот кога ќе го допрете копчето за блендата или ќе го
притиснете копчето за камерата.

Исклучено
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете копчето за блендата или ќе го притиснете копчето за камерата.

Ефект за фотографирање луѓе

Може да вклучите Ефект на фотогр. луѓе на уредот за да ги направите тоновите на кожата
малку помеки додека правите селфи во режимите на снимање Рачно и Автоматско
оптимизирање
.

Следење објекти

Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.

HDR

Користете ја поставката HDR (High-Dynamic Range) за фотографирање при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. HDR компензира за загубата на детали и произведува
слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

ISO

Може да ја поставите ISO-чувствителноста да се прилагодува автоматски или може да ја
прилагодите рачно на поставки од 50 до 3200.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на субјектот што сакате да го снимите.

Лице
Ја мери количината на светлина на лицето од субјектот и ја прилагодува експозицијата, така што лицето да не биде ниту
претемно ниту пресветло.

Центар
Го одредува центарот на сликата и ја поставува експозицијата во зависност од светлината на субјектот.

Точка
Ја прилагодува експозицијата во многу мал дел од субјектот што сакате да го снимите.

Допир
Ја прилагодува експозицијата на посакуваниот дел од субјектот кога ќе го допрете екранот.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Блиц

Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога има светло во
заднината. Следниве опции се достапни кога ќе допрете на иконата за блиц на екранот на
камерата:

Автоматски
Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блицот.

101

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вклучен блиц
Користете ја оваа поставка кога заднината е посветла од предметот. Оваа поставка ги
отстранува несаканите темни сенки.

Нам. на ефек. црвени очи
Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.

Исклучено
Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без
блиц, дури и ако осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи
блицот бара мирна рака. Користете автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.

Светилка
Блицот свети постојано додека фотографирате.

Блиц за ноќен портрет
Користете ја поставкава за ноќни портрети или портрети во слабо осветлени средини.
Поради долгото време на експозиција, камерата мора да се држи мирно или да се постави
на стабилна површина.