Поврзување на уредот со USB додатоци
Може да користите адаптер за USB Type-C™-домаќин за да го поврзете вашиот уред со USB
додатоци, како што се USB уредите за масовно зачувување, контролерите за игри, USB
тастатурите и USB глувчињата. Доколку USB додатокот има USB Type-C приклучок, не е потребен
адаптер за USB Type-C-домаќин.
Адаптерите за USB Type-C-домаќин се продаваат одделно. Sony не гарантира дека вашиот уред
ги поддржува сите USB додатоци.
Овој уред има порта за USB Type-C без капак. Ако уредот е изложен на вода, погрижете
се портата да биде целосно сува пред да го поврзете USB Type-C кабелот.
За пристапување до содржината на USB уредот за масовно зачувување со
помош на адаптер за USB Type-C™ домаќин
1
Прикачете го адаптерот за USB Type-C домаќин на вашиот уред, а потоа поврзете го
адаптерот со USB уредот за масовно зачувување.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска.
4
За да пристапите до датотеките и папките на USB меморијата, користете апликација за
управување со датотеки, каква што е File Commander.
Може и да ја отворите соодветната медиумска апликација на вашиот уред за да ја
гледате содржината директно. На пример, може да ја отворите апликацијата Албум за да
ги видите фотографиите складирани на USB уредот за масовно зачувување.
Исклучување на USB уредот за масовно зачувување
1
За да се отвори паното за известувања, повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете ја стрелката за надолу покрај Android System.
3
Допрете ИЗВАДИ во паѓачкиот список.
4
Отстранете го адаптерот за USB Type-C™ домаќин од уредот.
Ако известувањето не се појави, допрете Поставки > Склад и меморија > > Напредно
> Зачувување > до Пренослива меморија.
За поврзување USB додаток со помош на адаптер за USB Type-C™ домаќин
1
Прикачете го адаптерот за USB Type-C домаќин на вашиот уред, а потоа поврзете го
адаптерот со USB додатокот.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска.
Може да се потребни дополнителни чекори или софтвер за да ги поставите контролерите
за игри, USB аудио и USB додатоците за Етернет. Sony не гарантира дека вашиот уред ги
поддржува сите USB додатоци.
115
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
За поврзување USB Type-C™ додаток со помош на USB Type-C приклучок
1
Прикачете го USB Type-C приклучокот од USB Type-C додатокот на уредот.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска.
Sony не гарантира дека уредот ги поддржува сите USB Type-C додатоци со USB Type-C
приклучок.