Заднина и теми
Уредот има стандардна заднина, но може да ги адаптирате почетниот екран и екранот при
заклучување според сопствениот стил користејќи заднини и теми со различни бои и шеми.
Заднината може да се користи без менување на другите елементи од почетниот екран и екранот
при заклучување. Активните заднини додаваат визуелни ефекти при интеракциите со екранот на
допир, дозволувајќи динамично менување на приказот.
Темите може да вклучуваат заднина, штедење на екранот, ленти за наслови и шема на звуци
коишто заедно создаваат единствен изглед и чувство за уредот.
Менување на заднината
1
Допрете и задржете каде било на празната област на вашиот Почетен екран додека
уредот не почне да вибрира.
2
Допрете Заднини и одберете опција.
Може и да ја промените заднината на екранот при заклучување или да ја поставите
истата слика и за почетниот и за екранот при заклучување. Следете ги погорните чекори
и потоа допрете на Албум. Допрете на посакуваната слика и одберете опција.
Поставување тема
1
Допрете и држете на празната област на својот Почетен екран додека уредот не почне
да вибрира.
2
Допрете Теми.
3
Одберете опција:
•
За да користите од постојните теми, одберете ја темата, а потоа допрете ПРИМЕНИ
ЈА ТЕМАТА.
•
За да преземете нова тема, допрете ПРЕЗЕМИ ПОВЕЌЕ ТЕМИ.
Кога ќе ја промените темата, ќе се промени и заднината во некои апликации.