Sony Xperia XA1 - Прегледување фотографии и видеа

background image

Прегледување фотографии и видеа

Користете ја апликацијата Албум за прегледување фотографии и репродуцирање видеа
направени со камерата или за прегледување слична содржина што сте ја зачувале во уредот.
Сите фотографии и видеа се прикажани во хронолошки наредена мрежа.

1

Допрете за да се отвори менито на почетниот екран на албумот

2

Прегледајте ги опциите на менито

3

Слајд шоу од сите ваши фотографии и видеа или од тие што сте ги додале во омилени

4

Влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито на почетниот екран на албумот

5

Датумот на објектите во групата

6

Допрете фотографија или видео за прегледување

7

Лизгајте нагоре или надолу за преглед на содржината

Прегледување фотографии и видеа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Албум.

3

Допрете на фотографијата или видеото за прегледување. Доколку се побара, допрете .

4

Потчукнете налево за прегледување на следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за прегледување на претходната фотографија или видео.

За да го поставите екранот да се ротира автоматски кога ќе го свртите настрана, допрете
Ротирај ја содржината на екранот под Поставки > Екран > Кога уредот се ротира.

Апликацијата Албум може да не ги поддржува сите формати на датотеки. За повеќе
информации за поддржаните формати на датотеки и за користењето мултимедијални
(аудио, слика и видео) датотеки, преземете ја белата книга за вашиот уред на
www.sonymobile.com/support/.

Промена на големината на малите слики

Кога прегледувате мали слики од фотографиите и видеата во албумот, раширете два
прста за зумирање или спојте ги за одзумирање.

Зумирање фотографии

Кога прегледувате фотографија, раширете со два прста за да ја зумирате или спојте ги за да ја
одзумирате.

104

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Гледање слајд шоу од вашите фотографии

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да ги прикажете алатниците, па
допрете > Слајд шоу за да почнете со репродукција на сите фотографии во албумот.

2

Допрете на фотографијата за да заврши слајд шоуто.

Репродуцирање видео

1

Во албумот, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.

2

Допрете .

3

Ако не се прикажани контролите за репродукција, допрете го екранот за да ги прикажете.
За да го скриете контролите, повторно допрете го екранот.

Паузирање на видеото

1

При репродуцирање видео, допрете на екранот за да се прикажат контролите.

2

Допрете .

Премотување напред и премотување назад на видеото

1

При репродуцирање видео, допрете на екранот за да се прикажат контролите.

2

Влечете го обележувачот на лентата за напредок налево за премотување наназад или
надесно за премотување напред.

Прилагодување на јачината на звукот на видеото

Притиснете го копчето за јачина на звукот нагоре или надолу.